Ердоган: Нормализација во јуни

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави во Анкара дека Турција го достигнала врвот на инфекцијата со коронавирусот.

22

Обраќајќи се пред претставници на неговата владејачка партија, Ердоган рече дека Турција може да се врати „во нормален живот“ во јуни, по празникот што го означува крајот на светиот муслимански месец Рамазан. Месецот Рамазан трае до 23 мај и завршува со празникот Бајрам. Дотогаш ќе бидат преземени мерки за борба против инфекцијата.

Четиридневен карантин во 31 градови во Турција од четврток

Ердоган ја опиша пандемијата како „најголема криза по Втората светска војна во однос на економското влијание“. Досега во таа земја се регистрирани 90.980 случаи на коронавирус, а 2.140 лица починале. Турција воведе ограничување на движењето во текот на викендот, а на оние на возраст од 65 и повеќе години им е забрането да ги напуштат своите домови и други денови.