Ердоган со нова закана: Ќе ги испратам терористите назад во Европа

6

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја предупреду Европската Унија дека неговата држава би можела да ги ослободи припадниците на џигадистичката организација Исламска држава и да ги испрати назад во Европа.

„Би требало да го ревидирате својот став кон Турција, која држи толку членови на ИСИС во затвор и ги контролира во Сирија“, им кажа Ердоган на новинарите на аеродромот, пред да тргне во посета на САД.

Тој со тоа реагираше на најновите санкции кои ЕУ ги најави против Турција поради Кипар и додаде дека Турција ќе продолжи да ги враќа странските припадници на ИСИС во нивните матични земји, дури и ако тие одбиваат да се вратат.

Европската Унија вчера претстави систем по кој ќе ѝ бидат воведени санкции на Турција поради тоа што неовластено дупчи во водите на Средоземното Море кај Кипар, за експлоатација на природен гас.