Ердоган: Турскиот извоз достигна историски максимум од 254,2 милијарди долари

36

 

Извозот на Турција достигна историски максимум од 254,2 милијарди долари во 2022 година, објави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, повикувајќи се на прелиминарни податоци, јави агенцијата Анадолија.

– И покрај глобалните предизвици, бројката се зголеми за 12,9 отсто во однос на претходната година, рече Ердоган при објавувањето на податоците за надворешната трговија за 2022 година.

– Нашата цел е да обезбедиме Турција да го заземе своето место меѓу првите 10 земји извозници во светот, рече тој.

Турскиот претседател истакна дека извозот на Турција во турски лири минатата година достигнал речиси 350 милијарди турски лири (19 милијарди долари).

– Бројот на земји и региони во кои извезуваме со нашата национална валута достигна 197, додаде Ердоган.