Ердоган: Турција на почетокот на јануари ќе испрати војска во Либија

18

Турција веќе на почетокот на јануари ќе испрати војска во Либија, на барање на Триполи, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

-Бидејќи постоки покана, ние ќе ја прифатиме. Законот за испраќање сили во Либија на дневен ред на парламентот ќе го ставиме штом тој почне со работа следната година. Законот ќе биде усвоен на 8 или 9 јануари, рече Ердоган пред членовите на неговата владеачка Партија на правдата и развојот (АКП).

Меѓународно признатата влада на национален договор (ГНА) во Триполи се бори против силите на генералот Халиф Хафтар.

Официјален Триполи потврди дека од Турција побарал воена помош во авиони, копнени и поморски сили.

Силите на Хафтар, кои инаку се стационирани на истокот од земјата, не успеаја да дојдат до центарот на Триполи, но во последните недели успеаја малку да напредуваат во некои јужни предградија на престолнината, и тоа со помош на руски и судански борци, како и на саудиски дронови.

Анкара минатиот месец потпиша два различни договора со ГНА за безбедносна и воена соработка, како и за поморските граници во источен Медитеран.