Ердоган: Ќе продолжиме со одмазда поради нападот

7

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека земјата ќе продолжи да се одмаздува за нападoт врз нејзините сили во Идлиб во Сирија, откако беше соопштено дека четворица турски војници биле убиени, а деветмина повредени во напад на сириските владини сили.

„Ние одговоривме на овие напади и ќе продолжиме да го правиме тоа, безразлика дали станува збор за нашата артилерија или минофрлачи. Решени сме да продолжиме да работиме за безбедноста на нашата земја, нашите граѓани или нашите браќа во Идлиб“, рече Ердоган.

Тој додаде дека секој што ја доведува во прашање одлучноста на Турција, наскоро ќе сфати дека греши.

Тој исто така нагласи дека турските авиони нападнале 40 цели во Идлиб и „неутрализирале“ 30 до 35 Сиријци.

Како што пренесе „ТАСС“, Ердоган изјавил дека турските и руските воени експерти биле во контакт по нападот врз турските војници во Идлиб.

Турскиот претседател изрази подготвеност да разговара за последните настани со рускиот претседател Владимир Путин.