Ескалација на конфликтот во Нагорно Карабах: Стотици загинати ерменски војници (ВИДЕО)

105

Ерменските вооружени сили во судирите во Нагорно-Карабах претрпеа големи загуби – најмалку 550 лица се убиени и ранети, објави Спутник Азербејџан, повикувајќи се на Министерството за одбрана.

Според соопштението на азербејџанското Министерство за одбрана, ерменските вооружени сили загубиле 22 оклопни возила, 15 системи за противвоздушна одбрана, 18 беспилотни летала, осум артилериски единици и три складишта за муниција.

Претходно, ерменскиот министер за одбрана Рафи Хованисијан изјави дека Баку загубил околу 200 војници, како и околу 30 тенкови и оклопни возила.

Портпаролот на ерменското Министерство за одбрана Степанјан, исто така, објави за своите загуби, дека се убиени 16 лица и над 100 ранети, а претседателот на непризнатата Република Нагорно-Карабах пријави десетици убиени и ранети.

Баку и Ереван меѓусебно се обвинуваат за започнување на конфликтот. Министерството за одбрана на Ерменија соопшти дека Карабах бил „подложен на воздушни и ракетни напади” од Азербејџан. Баку тврди дека ерменските сили први отвориле оган, а азербејџанските трупи започнале со контраофанзива.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш и голем број светски лидери ги повикаа двете земји веднаш да ги прекинат воените дејства.