Еуростат: Над 50 проценти од Албанците се изложени на ризик од сиромаштија

20

Над 50 отсто од населението од Албанија биле изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост, покажуваат податоците на Евростат за 2020 година.

Најтешка е ситуацијата во Албанија каде, според истите податоци, над 50 отсто од населението било во опасност од сиромаштија.

Податоците на Евростат се однесуваат на земјите-членки на Европска Унија, Европската економска област и земјите од Западен Балкан.

По Албанија со стапка од 51 процент и Црна Гора (околу 40 отсто), следат Турција (38) и Северна Македонија (околу 35 проценти) се во најголем ризик од сиромаштија.

Просечниот ризик од сиромаштија и социјална исклученост, според Евростат, е 21,9 отсто, што се однесува на 96,5 милиони луѓе.

Под ризик од сиромаштија се подразбираат домаќинства кои се соочуваат со тешка материјална и социјална ранливост, не можат да си дозволат одредени материјални работи или социјални активности или имаат многу низок интензитет на работа, ниво на образование и друго.