ЕУ апелира: Што побрзо да се формира влада во Косово

4

Мисијата на Европската Унија во Косово бара што поскоро да се формира новата влада.

Според соопштението, Косово треба што побрзо да продолжи со спроведување на реформите, економскиот развој, владеење на правото, имплементирање на Договорот за стабилизација и асоцијација ЕУ-Косово и дијалогот со Белград.

– Неопходно е побрзо формирање на владата за овие процеси да се движат напред, во интерес на Косово и неговите жители и во согласност со Уставот и желбата на гласачите – стои меѓу другото во соопштението.

Предвремените парламентарни избори во Косово се одржаа на 6 октомври.

Партиите со најголем број на гласови, Движењето Самоопределување и Демократскиот сојуз на Косово се уште немаат постигнато договор за коалиција.

Конститутивната седница на косовскиот Парламент треба да се одржи на 26 декември