ЕУ воспоставува мисија за поддршка на Нигер

3

Советот на министри на ЕУ денеска донесе одлука за нова мисија во рамките на заедничката безбедносна и одбранбена политика на ЕУ за поддршка на Нигер во борбата против тероризмот.

Мисијата наречена ЕУМПМ Нигер ќе им помага на воените сили на оваа држава да спречат тероризам и да го заштитат населението.

ЕУМПМ ќе помага преку етаблирање на Центар за обука за воените сили на Нигер и ќе поддржи формирање на нов баталјон за комуникација и команда.

Мандатот на мисијата начелно е планиран да трае три години а ќе добие финансиска поддршка од 27,3 милиони евра. Командант на мисијата ќе биде Адмиралот Херве Блежан.

ЕУМПМ ќе соработува од блиску со мисијата на ЕУ во Сахел Нигер.