ЕУ одлучи: Се отвораат границите за сите вакцинирани патници

26

Лидерите на ЕУ преговараат за воведување на дигитални зелени сертификати, со што ќе започне спроведувањето на планот за витално спасување на претстојната туристичка сезона.

Земјите-членки на ЕУ се согласија да ги отворат границите за сите патници кои примиле двете дози на вакцина против коронавирус, пренесува АФП, повикувајќи се на европски извори.

Иако амбасадорите на земјите-членки на ЕУ, на состанокот утрово во Брисел донесоа одлука за укинување на ограничувањата за патување за сите државјани на трети земји кои ги примиле двете дози на вакцината, таа одлука треба да биде потврдена на ниво на Совет на ЕУ во петок .

Лидерите на ЕУ преговараат за воведување на дигитални зелени сертификати, со што ќе започне спроведувањето на планот за витално спасување на претстојната туристичка сезона.

Таканаречениот дигитален зелен сертификат ќе биде доказ дека лицето е вакцинирано против коронавирус, дека има негативен резултат од тест или дека ја надминал болеста. Ова е воведено за да се избегне дискриминација на лица кои не можат да се вакцинираат.