ЕУ: Отворен Балкан промовира поголема регионална интеграција

0

Портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро рече дека ЕУ го поздравува фактот што учесниците во иницијативата Отворен Балкан се посветени на промовирање поголема регионална интеграција.

Во изјавата за Репортери, Писонеро посочи дека најголемите регионални придобивки ќе произлезат од учеството, како што рече, на „сите шест земји од Западен Балкан“ во таа иницијатива.

Таа рече дека регионалните интеграции, кои се засноваат на правилата на Европската унија, носат само придобивки за Западен Балкан, поради што ЕУ е многу заинтересирана за регионална соработка, пренесува Косово онлајн.

Писонеро рече и дека лидерите на Западен Балкан мора да постигнат напредок во спроведувањето на Заедничкиот регионален пазар, воспоставен на Самитот во Софија во 2020 година, со конструктивна посветеност на сите страни.

Таа нагласи дека ЕУ ќе продолжи да ги поддржува Советот за регионална соработка, договорот ЦЕФТА, Транспортната и енергетската заедница, со цел да има корист за целиот Западен Балкан и пошироко, преку подобрена регионална соработка.
Убедлива на гости беше екипата на Лос Анџелес Клиперс кај Сакраменто Кингс (89-105), а голем триумф запиша и Орландо на теренот на Атланта (98-104).