ЕУ ја осуди иранската воена поддршка за Русија

9

 

Министрите за надворешни работи на ЕУ попладнево ги усвоија заклучоците за Иран и ја осудија поддршката што и ја дава оваа земја на Русија во нејзините воени активности против Украина.

Во заклучоците министрите повторуваат дека “силно се осудува“ и се смета за “неприфатлива“ било каква воена помош од Иран за нелегалната, неиспровоцирана и неоправдана војна на Русија против Украина.

Оружјето што Иран и го испорачува на Русија се користи против цивилното население во Украина, додаваат министрите за надворешни работи на ЕУ, како и против инфраструктурата, што предизвикува „страотно уништување“. ЕУ потсетува дека секако трансфер на воени дронови и ракети од или во Иран без претходна авторизација од Советот за безбедност на Обединетите Нации претставува прекршување на резолуцијата 2231 на истото тело.

Европската Унија исто така забележува “со загриженост“ дека некое иранско оружје, вклучително и дронови, се фабрикува со компоненти од Европа.

Иран се предупредува дека ќе се смета за одговорен ако продолжи да испорачува оружје во Русија посебно ако дојде до ескалација. Во тој случај ЕУ се заканува со дополнителни санкции против Иран.

Што се однесува до нуклеарното оружје, Европската Унија повторува дека Иран не смее никогаш да развие таков вид на оружје.