Жената чудо роди трета ќерка (ФОТО)

10

Актерката Гал Гадот (36) го роди третото дете, а среќните вести ги сподели среќните на својот инстаграм-профил. Во најновата објава, Гал позира со сопругот и постарите ќерки, додека едната од нив во рацете го држи новороденчето.

„Моето слатко семејство. Не можам да бидам поблагодарна и посреќна (и изморена), сите сме толку возбудени што можеме да ја дочекаме Даниела во нашето семејство. На сите ви испраќам љубов и здравје“, напишала таа во описот на фотографијата и на тој начин, на љубопитните следбеници им го открила името на девојчето.

Да потсетиме, ѕвездата на филмот „Жената чудо“ (Wonder Woman) ја откри веста за бременоста во март минатата година, а нејзините обожаватели беа уверени дека ќе добие момче. Имено, Гадот и нејзиниот сопруг Јарон Варшано веќе имаат две ќерки.

За време на бременоста, актерката изјави дека таа и нејзиниот сопруг Јарон Варшано ќе се држат до она во што се разбираат и со тоа откри дека ќе добијат уште едно девојче.

Двајцата сопружници се во брак од септември 2008 година, а живеат на реалција Израел-САД.