Жена на годината: Прекрасниот говор на Зендаја кој ги воодушеви сите (ВИДЕО)

28

Младата и успешна актерка Зендаја, прогласена е за жена на годината според оценките на престижниот магазин „GQ“.

Автентичната актерка Зендаја ја оправда оваа титула со прекрасниот говор кој го одржа после преземање на наградата.

„Жена на годината. Тоа е малку неверојатно со оглед на тоа што имам само 23 години и дека и понатаму се обидувам да разберам како да станам млада жена. Понекогаш имам чувство дека само одам, одам и одам, и сметам дека многу жени можат да ме разберат и да се пронајдат во истото“, така Зендаја го започнала говорот и додала:

„Меѓутоа, понекогаш толку даваме од себе што забораваме да запреме и да ги доживееме моментите како што е овој. Понекогаш чувствувам дека толку работам што заборавам на својот живот и како навистина да бидам присутна во ваквите моменти, кога околу себе можеш да ги видиш луѓето кои ги цениш и едноставно да бидете тука во тој момент. Тоа е токму она што ќе го направам. Ќе земам една секунда, ќе погледнам околу себе и ќе бидам во „фазонот“: По ѓаволите! Ова навистина се случува. Многу е кул!“

Зендаја го завршила својот говор, како што пренесува Klix, со најдобриот совет кој некој би можел да го добие: „Ве молам, погледнете околу вас како се е прекрасно и едноставно уживајте во тоа!“, порачала младата актерка.