ЖИВОТ ВО ЌЕНЕФ

299

Велат, жив во гроб не се влегува. Мора да се бориме. Ги запоставивме традиционалните вредности. Тргни од семејството, па комшилукот, па пошироко околу нас. Заборавивме како изгледа да се насмееме искрено и од срце. Заборавивме како да се биде човек, како да се биде достоинствен и горд елемент. Заборавивме дека Господ гледа се! Каква ли казна не чека? Не сакам ниту да помислам

Од Агим ЈОНУЗ

Македонија како држава е едно прекрасно црвено јаболко. Да! Ама толку! Унутра не црви, него крокодили шетаат. Битно спремни сме за у Европа. А го чувте ли премиерот на Бугарија што рече, на Македонија најмалку петнаесет години и требаат за у Европа. Јас мислам дека бугаринот е дури и оптимист. Единствено што треба да се земе во предвид е податокот дека ако македонците не признаат ‘‘ бугарски корени‘‘, ни сто години нема да ја помирисаме Европа.

Деновиве еден пријател ме праша зошто во своите колумни повеќе пишувам општи теми и анализи, а не конкретни коментари и анализа на дневната политика. Еве зошто. Како прво, кај нас нема политика која оди по било каква линија на функционирање.  За да процениш и анализираш дали нешто се движи во позитивна или негативна насока. Овде кај нас е се позитивно по пропаганда, а у суштина ние сме одамна распадната држава. Што и да прокоментираш ќе погрешиш. Секој ден е поинакокв од претходниот ако се земе во предвид дека политичарите освен што се бават со самите себе си, а не со државата и плановите за нови перспективи. Комплетно  се е  усмерено на тоа дека еден ден не чека таа курва Европа и се ќе биде во ред. Која беда од политичка сцена. Беда е целата држава, па макар некој ме казнил за ова што го пишувам.

Јас не сакам во своите колумни да интелектуализирам елементарни работи и да мудрувам колку да му се бендиам на сопственото огледало. . Тоа е за оние кои се ‘‘по професија‘‘ ( не реков по комплекс)  интелектуалци и оние кои кога се гледаат пред огледало си даваат на себе комплименти ‘‘ ама си паметен бее‘‘. Поготово на албанската страна од сите силни експерти кои се разбираат истовремено и во туршија и во нуклеарна физика. За македонските не коментирам, зашто толку фали за да засмрди цела соба. Интересна работа, сите ние кои се бавиме со јавниот живот и нешто коментираме, соочени сме со милион парадокси. Еден од најголемите парадокси е податокот кој вели дека сите ние сме свесни дека живееме во секојдневие кое не бара коментар, туку акција. Каква акција? Е тоа е уште поголем парадокс. Сите знаеме дека за нас е само железна рака и воведување дисциплина на брутално ниво, ама си ќутиме. Убаво ни е вака. Циркусот си тече, ние сме циркузанти кои се среќни што некој на улица гопрепознава и вика ‘‘ браос бе, многу си интелигентен‘‘.  Интелигентните одамна побегнале од оваа септичка јама бе друже. Ние сме само лајната што плива во неа.

Што е тоа што остана не анализирано, ставено во колумна или исмејано. Сите можни резили што можеа да испаднат испаднаа, и никого мува не го лази. Сите можни афери, неправди, криминали и далавери се обелоденети и сеуште никого за ништо не го боли. Понекогаш имам впечаток дека во оваа држава можеш буквално што сакаш да правиш и да поминеш неказнет.  Нема кој да те казни. Државата сама себе си се казнува со тоа што е на сите листи меѓу последните. Можете да замислите, на некои листи по некоја статистика ние сме позади Руанда Бурунди. Ова не е заебанција, ова се факти.

А, фактите велат и нешто друго. Поставеноста на нештата во општеството се повеќе личат на канцерозно ткиво отколку на болно кое може да се лечи. Направена е преголема штета за да може да се сменат нештата преку ноќ. Интересно е тоа дека народот почна да ја прифаќа стварноста како нешто нормално. Почна и да не се буни народ. Почна да се навикнува на овој циркуз и да се осеќа како кловн во сопствен циркуз. Таму му е најбезбедно. Станавме земја на зомби. Народ оди по улица, гледа во земја и зборува сам со себе си. Не ги гледајте оние во скапи џипови и со дебели златни ланци на вратот. Ова е нивно време. Понекогаш се прашувам, кога некогаш некој би сакал да стави навистина ред, колку ли затвори бини биле потребни да доизградиме. И овие се полни, ама барем ушѕе еднопет затвора ни фалат.

Се нервирам кога некој ке рече дека ги губиме децата они си одат од државата. Ало, ние ги губиме и оние што се внатре, што остануваат. Сите се неуротични, безнадежни, со идоли кои се криминогени. Создадовме кај младите психоза на војна среде мир. Станаа агресивни, дрогирани, напиени, изгубени. Псеудокултурата царува, проституцијата, наркоманијата, коцката, агресивноста. Несреќна нација не може да има среќна младина. Затоа и еден огромен број бара утеха и прискривање во религијата. Се повеќе имаме религиозна младина која наместо да се стреми како да стигне на месечината, таа сонува како еден ден да оди на аџилак. Поготово последните години ионака слабото школство почна да биде само ‘‘про форма‘‘, затоа што наставата преку интернет ги одалечи децата од стварноста која би требало нивната младост да ја слави по школските дворови . Ја убивме младоста во децата. Создадовме ‘‘ млади старци‘‘. Невоспитањето царува, но не поради тоа што тоа е модерно, туку како последица на невоспитани родители.

Демографската структура се смени многу. Скопје стана град на сељаци кои царуваат и кои воспоставуваат правила на однесување. Не зборуваме за селани. Зборуваме за сељаци! Тоа е посебна категорија. Тоа е онаа категорија која се дефинира според податокот колку селото излегло од поединецот, а не поединецот од селото. Никој нема емоција кон новата средина. Сите се сеуште на ливада, а ливадата вели дека можеш да правиш се што ќе посакаш. Капак на се, и оние кои дојдоа од помалите градови во Скопје, во својата желба за етаблирање не бираат начин како да се промовираат во некакви имиња кои нешто значат. Ситуацијата е карамбол. Нема веќе скопјани во јавноста. Тие станаа дефицитарна стока. Тие се опасност. Покрај нив проработуваат комплекси кои се болни. Не затоа што се скопјани. Туку затоа што за да бидеш скопјанец треба сепак да пораснеш најаден со барем три вреќи прашина од скопскиот асфалт.

Една шеговита реченица вели дека е подобро да паднеш во депресија отколку во септичка јама. Да, смешно. Ама замисли да си ем депресивен ем да паднеш во септичка јама. Минатите две години кризата со короната ги затвори сите социјални елементи на нормално функционирање. Сите можни хендикепи и ограничувања на едно место, а сето тоа заедно со безработица, економска криза, очајност и депресија. Се растурија многу бракови, многу луѓе умреа пред враме, а капак на се, нема ниту еден милиграм надеж дека ке биде подобро. Никој не е среќен. Па дури ни тие што имаат пари. Парите не се среќа, парите се само средство за задоволување на животните потреби.

Живееме во еден голем ќенеф. Да! Ќенеф! Па дури и во ќенефот има правила на однесување. Затвори врата, пази да не се лизнеш на даските, па да чучнеш, па да фрлиш вода! Да оставиш чисто позади себе. Не! Ние и во тој ќенеф се однесуваме како ‘‘ќенефчии‘‘ а не како луѓе. И психички, и физички, и како општество. Кога зборуваме веќе за ќенефот, да не зборуваме за општествената и социјална хигиена, тука не сме само кенефчии. Тука сме и самите лајна што плива во ќенефот. И што е најстрашно, си уживаме пливајки во гомната. Тука сме како дома!

Велат, жив во гроб не се влегува. Мора да се бориме. Ги запоставивме традиционалните вредности. Тргни од семејството, па комшилукот, па пошироко околу нас. Заборавивме како изгледа да се насмееме искрено и од срце. Заборавивме како да се биде човек, како да се биде достоинствен и горд елемент. Заборавивме дека Господ гледа се! Каква ли казна не чека? Не сакам ниту да помислам.

ООо ЏЕМААТ!… и ти носи се у ‘‘ наничка‘‘! Тоа што јас дигам раце од вас не е страшно,. Да не дигне господ…си наебал!

(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)