Жителите на италијанско гратче без коронавирус: Од првиот ден бевме многу внимателни

Додека бројот на смртни случаи на коронавирус продолжува да се зголемува во Италија, во малото гратче Ферара Ербононе никој не е заразен со коронавирус.

13

Гратчето има околу 1.100 жители, се наоѓа во Ломбардија, епицентарот на италијанската криза со коронавирус.

„Ние сме горди и среќни што имаме ваква ситуација, но не можам да кажам дека не се плашиме затоа што луѓето умираат во градот до нас“, вели локалната продавачка Мери Де Лука.

Сè уште не е јасно зошто градот, на 50 километри југозападно од Милано, е целосно поштеден од коронавирусот.

„Бевме многу внимателни од првиот ден“, вели Де Лука, сопственичка на самопослуга.

„Нашите клиенти од почетокот на појавата носат маски и ракавици“. Таа ги пофали локалните власти и локалната цивилна заштита за навременото информирање на јавноста и распределбата на заштитни маски.