Жител на струшко Ливада осомничен за усмртување на седум кучиња во Струга

18

 

Шеесет и две годишен жител на струшкото село Ливада се сомничи за усмртување на седум кучиња скитници вчера во Струга.

СВР Охрид денеска соопшти дека од М.З. била одземена ловечка пушка сачмарка калибар 16 милиметри за вештачење.

– Во Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, вчера во 17 часот и 15 минути извршен е службен разговор со М.З. (62) од селото Ливада, струшко. Тој се сомничи дека во периодот од 6 часот и 45 минути до 7 часот и 15 минути на улица „Владо Малески“ во Струга со огнено оружје усмртил седум кучиња скитници, стои во информацијата на СВР Охрид.

По целосно документирање на случајот, како што е наведено, ќе биде поднесена соодветна пријава.