Жозе Мурињо ја посрамоти Македонија откако откри дека голот на арената „Тоше Проески“ е понизок за 5 см.

103

 

Жозе Мурињо ја посрамоти Македонија и Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, кое ја менаџира Арената „Тоше Проески“, откако сподели на својот профил на Инстаграм дека рамката на еден од головите на стадионот е пониска за 5 сантиметри од официјалните димензии.

Веста брзо ја превзедоа медиумите, затоа што трофејниот тренер на Тотенхем има 200.000 следбеници на Инстаграм. Нему прво му се пожалил голманот Хуго Лорис, а потоа Португалецот пријавил кај делегатот на натпреварот од УЕФА. Мурињо се пошегува дека прво помислил дека пораснал за 5 сантиметри, а голот беше променет пред мечот со Шкендија во Скопје.

Тотенхем и Шкендија играа во рамките на квалификациите од Лига Европа, а победи англискиот премиерлигаш со 3-1. Останува енигма колку ли натпревари на националниот стадион се одиграле со 5 сантиметри помал гол.