Заболените сопружници патувале заедно со 40 патници – се врши нивна идентификација

21

опружници од Дебар на возраст од 62 и 68 годишна возраст се новозаразените со корона вирус, информира вечерва на прес конференција министерот Венко Филипче. Тие боледувале неколку дена и за тоа време посетувале матичне лекар кој не успеал да ја препознае болеста. Двајцата заболени сопружници имаат лесна клиничка слика со горна респираторна инфекција и вечерва со специјално возило ќе бидат пренесени на Инфективна клиника каде што веќе ги очекува медициски тим.

Заболените на 27 февруари се вратиле од Италија, преку Куманово и Скопје каде што попатно се симнувале и други патници. Во автобусот имало 40 патници. На 2 март се јавиле кај матичниот лекар со лесни симптоми на грип, но матичниот лекар не ги препознал симптомите.

„Некаде пред два часа инфектолог од Гостивар ја идентификувал болеста, направени се тестови. Дома имале контакт само со братот на жената. Попладнево се прави интервју со епидемиолозите и ќе се одлучи дали да биде ставен во изолација само тој или и неговото семејство. Со помош на МВР, најдени се и идетификувани останатите патници од автобусот по матичните броеви и утре заедно со припадниците од МВР епидемиолозите ќе ги интервјуираат и според анализата на контактите ќе бидат превземени соодветни мерки“, изјави Филипче.

Министерот потенцира дека најголем ризик да се заразат имаат патниците кои седеле пред и зад сопружниците, но најверојатно сите патници ќе бидат ставени во изолација. Со колку луѓе пак, тие имале контакт не се знае.

„После идентификацијата ќе се анализира кругот на луѓе со кои контактирале.Не знаеме колку контакти имале иако мал е ризикот од второлиниски контакт да се шири вирусот иако и тоа не е сигурен показател. Епидемиологот контактирал со матичниот лекар, ќе се разговара утре дополнително со него“, изјави Филипче.

Министерот не објасни дали матичниот лекар носел заштитна маска додека прегледувал, дали и тој ќе биде тестиран и ставен во изолација, каква е можноста да во амбулантски услови се пренесе болеста и на други луѓе.

„Најризична група се луѓето во инкубација, кои ќе развијат симптоми подоцна, а го пренесуваат вирусот. Затоа треба да се даваат точни и прецизни информации“, рече Филипче.

Што се однесува до патниците кои доѓаат од Италија, Филипче нагласи дека нема механизам да се пријават сите, односно да се знае однапред кој патува во Македонија. Заради тоа е епидемиолошката анкета на влез во државата.

Туристите од Сингапур и Јапонија пристигнале во Скопје, откако претходно поминале неколку дена во Букурешт. Таму им било направено интервју, засега сите се здрави, во однос на нив превземени се сите мерки, рече Филипче.