Забраната за движење ја прекршиле 97 лица, скопјанец агресивно се однесувал кон полицијата

Во текот на изминатото деноноќие во кое на сила стапи построг полициски час, односно забрана за движење од 16 до 5 часот наутро, на територијата на целата држава истата ја прекршиле 97 лица, при што приведени се 62, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

25

 

МВР информира дека синоќа во 18.40 часот во скопско Ново Село, уапсен бил 48-годишник од Волково поради тоа што со себе немал документ за идентификација, ни дозвола за движење, а исто така, се однесувал агресивно кон полициските службеници кои застанале да го легитимираат.

Според статистичките податоци, изминатото деноноќие на 65 лица им се издадени решенија за изолација, а 82 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полицијата биле извршени контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што евидентирани биле двајца кои не ги почитувале мерките.