Забранета љубов била причината за трагедија во Штип, самоубиство на 25-годишно момче и 22-годишна девојка

58

Во рок од 24 часа во Штип се случиле две самоубиства – прво се самоуби 25-годишно момче, а неколку часа подоцна и 22-годишна девојка. Утврдено е дека двајцата биле во љубовна врска, а неофицијално причината за оваа трагедија била недозволената врска од нивните родители.

Момчето си пресудило на археолошкиот локалитет Баргала, а со бесење се самоубила и 22-годишната девојка во селото Аргулица. Покрај неа било пронајдено и проштално писмо, неофицијно јавуваат локалните медиуми.

Девојката работела во штипското Инфективно одделение како медицинска сестра.

Телата се предадени на обдукција.