ЗАБРАНЕТО ПРАВО НА ПЛАНИРАЊЕ ЖИВОТ

104

Македонија е една голема ‘‘црна дупка‘‘ за млади. Нека е господ на помош со овој вид на политика кон и за младите. Таа ги убива своите деца. Таа ги брка од татковината, а кука и во нив се колне. Хипокризија. До кога? Се додека еден ден не разбере дека младите ке ја казнат. А ке ја казнат со тоа што нема да ја почитуваат, нема да ја сакаат и ке ја продадат за пет пари. Затоа што таа така ги тера. Македонијо, засрами се. Во тебе е забрането правото еден млад човек да планира живот. Трагично!

Од Агим ЈОНУЗ

Постои ли среќен човек во Македонија. На други места не ме интересира. Тука живеам. Постои ли некој што вика ‘‘одлично е‘‘! Тој мора или да е мрднат од паметот или дрогиран. Да, постои разлика меѓу задоволен и среќен. Ајде да анализираме. За да бидеш задоволен денеска е страшно комплексна работа. Што значи да бидеш задоволен. Да имаш пари? Немој да си сигурен дека и тие што имаат пари се задоволни и среќни. На секого му фали по нешто. Поготово во секојдневие во кое сивилото стана основна боја. Бојата на разочараноста и на празната душа.  Во време во која технологијата, потребите на современиот живот и можностите се во страшен дијаметрален антагонизам, уметност е да ја најдеш средината. Да не си ниту нај позади ама да не си секако напред. Уметност е пред се да најдеш духовен мир. А него како да го најдеш кога никој околу тебе не е мирен. Како да пееш или да се смееш кога околу тебе сите плачат. Нема шанси. Депресијата ти е гарантирана, па сакал ти или не.

Деновиве ме растажи страшно една приказна на еден млад човек што завршил факултет и сака да си го планира животот а не знае како. Поточно, нема како. Забрането му е. Кој му забранил? Па кој друг! Државата. Е како тоа државата. Многу просто. Што е тоа за што може да се фати за да може да испланира живот? Ни татко му е некој и нешто ни мајка му има ниви од татко и да продава, ниту има врски во партија некоја затоа што одсекогаш бил неутрален, а богами ниту има нешто да отвори приватен бизнис. А, сака да си ја проба среќата некаде надвор, верувајки дека некој ке умее да ги вреднува неговите способности. Каде да оди? Кој го чека надвор? Никој! Сака и да се жени, а како да се жени кога ни работа има, ни каде невеста да однесе кога дома живеат во тесно неколку души. Каде и да се сврти е спречен да оди напред. Како да си го планира животот кога не може да се потпре апсолутно на ништо. И, ми вика на крај, ако оваа држава ми ја убива вољата да живеам и да си го живеам животот тука, каков патриот јас да бидам? Едноставно, на ниедно ниво државата не ми помага да планирам ама баш ништо. Ако јас не можам да се потпрам на неа, како тогаш таа да се потпре на мене? Оваа држава ми забранува да планирам не само секојдневие, туку воопшто животот. Да ти ебам и живот и држава и све!

Не е толку трагично што ова младо момче ми се изнаплака и си ја кажа маката колку што е трагично што јас немав контра аргументи. Единствената работа што ми остана е да запалам цигара до него седејки и да измислувам глупости за да го утешам, а во кои ни сам не верувам. Страшно. И јас имам дете. Гледајки го тоа младо момче, го гледам и моето дете, и многу деца. А многу деца се генерација. А многу генерации се трагедија. Како никогаш до сега од кога памтам за себе владее субкултура, субстандарди и распаѓање на општеството по сите елементи кои подразбираат животен прогрес. Дека еден млад човек минувајки низ сите фази на детството и младоста може да оди во некаква прогресивна линија, да се надева и да има воља да се бори верувајки дека еден ден ке си ги оствари соништата. Кога сме кај соништата, доаѓаме до еден парадоксален факт кој вели дека денес за да си ги оствариш соништата пред се треба да имаш пари. А, како да дојдеш до пари!? Единствениот начин да дојдеш до пари е да видиш како некој дуг ги направил, за да се угледаш на него. И , кога ке видиш и тука има проблем. На чесен начин не се прават пари. По аутоматизам, тебе идоли ти стануваат криминалци, дилери, манипуланти и политички профитери. Кога ке видиш дека на чесен начин и со она што си го вложил во образованието и воспитанието не можеш да заработиш пари, доаѓаш до првото разочарување како млад човек. А, тоа е, се она што те воспитале дома не се согласува со правилата на успехот. Секако јас не сметам дека сите оние што успеале се крадци или дека нема и онакви кои со труд успеале, ама таа бројка е минимална. Најголемиот дел од оние што ги гледаме во секојдневјето се луѓе кои нешто изманипулирале за дојдат до комерцијален успех.

Да му се вратиме на насловот на колумната и давидиме зошто е забрането да се планира живот во Македонија за еден млад човек. Иако одговорот е едноставен и краток, а тоа е затоа што нема социјална политика како што треба и нема никаков програм за млади и нивен развој. Парадоксот вели дека не постои политички говор и програма која не кука за тоа како младите ни се иселуваат и бегаат од татковината, но истовремено парадоксот вели дека ниту една политичка партија ниту програма нема донесено некое конкретно решение за тоа. Еве, јас јавно прашувам што е тоа што било која политичка опција направила за да не се иселуваат младите. Па ве молам, почнаа и старите да се иселуваат а не само младите. Паралелно со немањето право да се планира живот забрането е и да се надева. Не е потребна пишана забрана. Доволно е да го погледаш секојдневието и веќе ти е јасно дека немаш право ни да се надеваш нешто а камо ли да планираш. Барем не темелено на реални основи. На факти. На терен. На преземени чекори за помош на младите од страна на државата.

На времето имаше нешто што се викаше ‘‘ работничка класа‘‘. Да, тоа звучи многу марксистички, но тоа е реално онаа класа која и денес работи по фабрики, по администрација и на средно ниво, ама сега тоа е на друга основа. Газда беше државата, а сега сето тоа е приватно. Самиот поим работничка класа подразбираше дека државата се грижи за работникот исто онолку колку што тој се грижи за неа. Имаше ред, имаше план а имаше и програм по кој секој еден кој навистина сака да работи и да постигне нешто државата му даваше шанса. Работа, стан, кредит и можност. Е, сега некој ке каже дека и денес е сето тоа возможно, ама заборава проста работа. Капиталистичкиот систем на функционирање подразбира дека цел тој систе се претвори во машина која сака да ти земе а не да ти даде. Државата не поседува веќе ништо со што продуктивно стопанисува за да може да планира и одржува било каква програма на заштита на работникот и да му помага. Тој реверзибилен процес е раскинат. Државата функционира исклучиво на ниво на администрација и јавни претпријатија кои не се доходовни. Самата држава функционира од ‘‘ цицање крв‘‘ на населението во вид на даноци, казни и милион други нешта кои не само што не му помагаат на обичниот граѓанин ( читај работник) туку уште повеќе му го зацрнува животот. Нејсе. Целата приказна се врти околу тоа дека за еден млад човек кој на еден најприроден начин се развива во државата, не може да се потпре на неа. Тоа е трагично. А на кого да се потпре? И така, да му се вратиме на младиот човек што седеше на клупа и кој кукаше дека му е забрането правото да планира живот. Вели, завршив со прпсек деветка, ама што ако кога единственото нешто на што можам да се надевам е да перам аута во некоја перална за дневница. Кредити за млади нема и нема ни да има се додека немаш работа. А, за која работа? Има работа?! Има, ама закого? За оние кои однапред ја продале душата на шаблонизираниот механизам на припадност на партии, во кои за да стигнеш до некое ниво треба да потрошиш цела младост лижејки нечиј газ наместо сета своја младост да ја инсталираш во младешка креативност, полет, елан и бркање на соништа.

Македонија е една голема ‘‘црна дупка‘‘ за млади. Нека е господ на помош со овој вид на политика кон и за младите. Таа ги убива своите деца. Таа ги брка од татковината, а кука и во нив се колне. Хипокризија. До кога? Се додека еден ден не разбере дека младите ке ја казнат. А ке ја казнат со тоа што нема да ја почитуваат, нема да ја сакаат и ке ја продадат за пет пари. Затоа што таа така ги тера. Македонијо, засрами се. Во тебе е забрането правото еден млад човек да планира живот. Трагично!

ООО ЏЕМААТ земи проучи некоја дова и ќути. Не ти останува ништо друго во оваква ситуација. Господ дал еден ден сите да умреме, ама еден ден. А не секој ден. АЈде да слушнам, дајте една Kulhuvallah,…. И сиктер дома!

(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)