Загина жена во пожар во Прилеп, шест лица се спасени

14

Пожар зафати куќа во Прилеп при што настрада седумдесет и две годишна жена во саботата утрото околу 8 часот.

Брзата реакција на противпожарната единица со 4 возила и 11 пожарникари успеа да спаси шест човечки животи но не и повозрасната жена.

Според официјалните информации огнената стихија избила во приземјето каде што живеела жената која се греела на дрва, додека двата сина на починатата со своите семејства се спасени преку балконите.

Причините за пожарот уште не се познати, а семејствата ќе добијат помош од општината, како што најави градоначалникот на Прилип.