Загреб вс. Приштина!

14

Емин АЗЕМИ

Во Загреб, политичарите ги прифаќаат предизвиците што излегуваат од изборите и политичкиот противник го третираат како партнер, а во меѓувреме во Приштина повеќе трае преговарачкиот процес за формирање на Влада, отколку самиот изборен процес, додека политичкиот противник се уште се третира како жесток непријател.
Делата на Моцарт, Вагнер, Верди, Бетовен, Лисински, ги собра во четврток највисоките лидери на Европската унија (новоизбраниот претседател на Советот на Европа, Чарлс Мишел и претседателката на Европската комисија, Урсула Вон дер Лејен) како и на Хрватска на еден концерт на класична музика во ХНК, за да ја одбележат свечено почетокот на претседателство на Хрватска со Советот на Европа. Во наредните шест месеци, Загреб ќе биде политички епицентар на Европа, додека овој концерт му даде дополнителен сјај на улогата што ќе ја има Хрватска во наредните месеци.

Еден народ со развиена политичка култура и со раководство што не ја злоупотребува довербата на гласачите се логичен дел на една цивилизирана целина како што е Европа, која нема ништо повеќе од она што се појави синоќа во Загреб.

Од друга страна, три месеци после националните избори во Косово, двете победнички партии (Движењето Самоопределување и Демократскиот Сојуз на Косово) не можат да најдат заеднички јазик за формирање на новиот владејачки кабинет, односно поделбата на министерските места.
Во Загреб, Хрватите ја демонстрираат кулминацијата на европската цивилизација, додека во Приштина политичарите се влечкаат низ ходниците и стануваат светска насмевка со нивната неспособност да ја стават на место волјата на гласачите. Во Загреб, политичарите ги прифаќаат предизвиците што ги поставуваат изборите и политичкиот противник го третираат како партнер, а во меѓувреме во Приштина подолго трае преговарачкиот процес за формирање на Влада од самиот изборен процес, додека политичкиот противник се уште се третира како жесток непријател.

Сме знаеле дека Хрватска е многу блиску до стандардите за да биде претседавач на ЕУ, но не сме знаеле дека Косово може да падне толку ниско, станувајќи шампион на политички интриги и примитивни инаети.

На една земја му требаат политичари кои ноќе и дење се блиски до маките на граѓаните, а не за политичари кои прават кариера злоупотребувајќи ја довербата на граѓаните. Хрватска може да се земе како пример, која за кратко време успеа да ја стекне довербата на европските политички елити преку посветена работа во исполнувањето на критериумите што ја прават конкурентна држава во некои области.
Косово излезе од мрачен период на српскиот режим во отворен пат, каде меѓународната заедница инвестираше милијарди за да се поставуваат стандардите. За време на повоениот период до денеска, Косово имаше свои подеми и падови. Институционалната консолидација следеше мека линија на реформи, каде доминираше тенденцијата за партизација на одредени министерства. Една не професионална администрација не може да генерира општествена мотивација и тоа е детектирано и од странските инвеститори, кои не се двоумат да го вложат нивниот капитал во економијата која се уште се контролира од роднините на премиерите.
Додека Загреб ги има поставени црвените теписи за политичките лидери на Брисел, Приштина, од друга страна, ги брои неуспешните денови на преговори за формирање на нова влада.