Заев: Ахмети погрешил комплетно, можам да наздравам со вино или ракија, но никогаш не сум бил пијан

46

Изјавите дека ДУИ ќе оди во опозиција Зоран Заев ги дава по испиени две-три чашки ракија, а после се кае, реча лидерот на интегративците – Али Ахмети, во интервју за „Сири ТВ“, прашан зошто во последно време „ДУИ е мета на постојани напади“ од страна на експремиерот Заев.

На ова лидерот на СДСМ Зоран Заев одговори дека Ахмети целосно промашил во тврдењето дека пиел ракија пред митинг, а потоа се каел за кажаното.

– Ако некој не пие алкохол, Зоран Заев е тоа. А, ја погоди работата човекот. Промашил комплетно. Значи Зоран Заев може со македонско вино, домaшна ракија да наздрави, ама под дејство на алкохол не сум бил никогаш пијан во животот – рече Заев во изјава за ТВ21.