Заев: Бараме милијарда и двеста , најдовме само 600 милиони евра

5

Лидерот на СДСМ Зоран Заев во интервјуто за „Утрински брифинг“ реплицираше на критиките околу предложениот пакет економски мерки, порачувајќи дека ќе мора да се кратат многу трошоци во државата ако сакаме да ја надминеме оваа криза поради корона вирусот.

-Ни фали милијарда евра за да ги покриеме штетите. Баравме милијарда и 200 милиони евра, а најдовме само 600 милиони. Големите држави ги зедоа парите и сега нема ефтини кредити.Затоа треба да кратиме од трошоците. Колку побрзо ги скратиме непродуктивните трошоци толку побрзо ќе излеземе од тешката криза. Се надевам дека ќе бидеме мудри и храбри зошто, не дај боже да треба да кратиме од здравствените трошоци. Тоа ќе значи дека нема да се лечиме. Треба да функционира и полицијата, војската, порача Заев.

Тој тврдеше дека кратењето е најголемо кај најбогатите, односно тие што имаат најголеми плати, а најмало кај тие со најмалите плати. Тој ги пофали Комерцијална банка, Халк банка, Алкалоид и други компании кои покажале општествена одговорност и почнале масовно да ги уплаќаат даноците на приходите.Солидарност ни треба мој народе, побогатите ќе платат повеќе, порача Заев околу поплаките дека радикално се намалени платите на јавната администрација.