Заев: Верувам дека со Бугарија ќе најдеме решение и за Гоце Делчев

17

Премиерот Зоран Заев вели дека верувам дека ќе се најде решение со Бугарија, со кое треба двете страни треба да излезат победници. Тој во гостувањето на Националната телевизија испрати порака до соседна Бугарија дека македонската страна е подготвена да се најде решение и за Гоце Делчев.

Договорот со Бугарија се актуализираше деновите откако бугарскиот министер за одбрана Красимир Карачанов се закани со блокада на македонскиот пат кон ЕУ, ако не продолжат преговорите меѓу мултидисциплинарна експертска комисија. Прашањето за револуционерот Гоце Делчев досега е најспорно меѓу историчарите од двете земји. Заев вели дека го почитува Карачаканов и сфаќа дека има различни ставови, но како што вели, сите имаат обврска да ги помогнат овие процеси.

Прашан дали можеме да прифатиме дека Гоце Делчев бил Бугарин се со цел да влеземе во ЕУ, Заев вели дека не треба да дозволиме да има блокади. Тој вели дека прашањата со Бугарија се полесни од прашањето што го имавме со Грција за името.

На прашањето дали е во комуникација со бугарскиот премиер Бојко Борисов за оваа тема, Заев вели дека се слуша со него, но не разговарале за оваа тема, оти, како што вели, незгодно е да се отвора прашањето кога таму има протести.

„ Ова е билатерално прашање и не може да биде прашање за во Европската унија. Не може тоа да биде дел од преговорите. Мора да водам грижа за Бугарија, а Бугарија за мене“, рече Заев.