Заев: ВМРО-ДПМНЕ во 2007 го укина српскиот јазик како изборен предмет

9

Премиерот Зоран Заев во својата честитка до српската заедница за националниот празник – Свети Сава.најавува дека во Општина Центар ќе се изгради Српски културен центар и дека се враќаат наставните програми за изучување на српскиот јазик и култура.
„Со нашите сограѓани од Србија ги унапредуваме традиционално добрите односи и со Република Србија и во таа насока во Општина Центар се завршени сите претходни постапки за изградба на Српски културен центар кој ќе почне да се гради оваа година, истовремено кога во соседна Србија ќе се реализира и идејниот проект за Македонскиот културен центар во Белград.
Одиме и чекор понатаму и ги враќаме наставните програми за изучување на српскиот јазик и култура за што се одобрени наставните програми од трето до шесто одделение, а во постапка на одобрување се наставните програми за седмо, осмо и деветто одделение, за разлика од времето кога ВМРО-ДПМНЕ во 2007 година ја укина можноста српскиот јазик да се изучува како изборен предмет.
Упатувам најсрдечни честитки по повод националниот ден на Србите во Република Северна Македонија и нека бидат вечни името и славата на Свети Сава, под чие духовно покровителство се одбележува денешниот ден“, вели Заев во честитката.