Заев во нова „бомба”: За позадинската игра за паѓање на предметите на СЈО знаеја Оливер, Радмила и Катица!

8

Во разговорот Заев вели дека “позадинската игра” била правена со знаење на “Оливер, Радмила, Катица”, кои биле информирани за сė. „Она знае што треба да прави“, вели Заев, а оваа реплика најверојатно се однесува на Катица Јанева.

Позадински комбинации, шеми и “филмови” за паѓање на судски случаи се спомнуваат во новата “бомба” објавена на социјалните мрежи и од дел од медиумите, во која Зоран Заев разговара со непознат соговорник.

Филмови се правени за да нема притвори, вели Заев и објаснува дека паѓаат предметите „Tалир 2″, „Поштенска банка,” „на Али Ахмети попис” и „еден куп други предмети” на Специјалното јавно обвинутелство. “Но, тој е ризикот“ – вели Заев.

Во разговорот Заев вели дека “позадинската игра” била правена со знаење на “Оливер, Радмила, Катица”, кои биле информирани за сė. „Она знае што треба да прави“, вели Заев, а оваа реплика најверојатно се однесува на Катица Јанева.

Во “бомбата” се зборува и за тоа како новите решенија ќе поминат во парламентот, при што Заев вели дека пратениците се “врзани”.

Во бомбата може да се слушне како Заев страхува од дека од критиките на граѓанските организации дека нема да ја испорача ветената правда.

Дел од медиумите потсетуваат дека на почетокот на оваа година излегоа аудио материјали, во кои Заев тврдеше дека со претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, заедно договарале паѓање на судски случаи. “Цела јавност знаеше дека власта стои зад Врховен суд. Врховен суд тоа сам не мооже да брка. Им реков почекајте, ќе видите одлука на врховен суд, оп се случи одлуката на Врховен суд. Законот за СЈО што го преговаравме, до касно го преговаравме. Ако се издоговориме тоа многу брзо ќе му се стави крај, трас-трас готово. Ако не се издоговориме ќе се заврши на одложен рок, но ќе се заврши. Одлуката на Врховен суд е донесена”, вели во таа “бомба” Заев.

Од најновиот разговор станува многу појасно кој го менаџира процесот на донесување на одлуките на Врховниот суд и на парламентот, со кои „бомбите на Заев” добија рок на траење до 30 јули 2017 година, како и тоа кои се вистинските мотиви и позадинските игри за новите решенија. Во јавноста владееше широко распространето мислење дека “деактивирањето” на “бомбите на Заев” и паѓањето на голем дел од предметите на СЈО е дело на “мафијата” поврзана со поранешната власт. Во оваа најнова “бомба” самиот Заев зборува како се случило тоа и кој сė е инволвиран во “трас-трас” разврската на овие предмети.