Заев во Топ Тема по последното вето за ЕУ: Што и да е, многу е, 16 и пол години нашата земја е во исчекување

2

Што и да е многу е, 16 и пол години нашата земја е во исчекување на добивање на следен чекор во нашиот процес на интеграција, изјави премиерот Зоран Заев во вечерашната Топ Тема, откако повторно Македонија остана без датум за одржување на првата меѓувладина конференција.

“Тоа е најмалку што заслуживме, по се што направи нашиот народ, со сите реформи, со градењето мултиетничко, мултирелигиозно, функционално демократско општество. Ние сме секој пат позитивниот пример. Договорите и со Грција и со Бугарија се навистина европски манири” – изјави Заев.

Во однос на тоа што се преговара со Бугарија, Заев потврди дека не се преговара за јазикот и идентитетот туку за патоказот за спроведување на договорот за добрососедство, пријателство и соработка.

“Инфраструктурното поврзување, недоволниот раст на трговијата се работи кои Бугарија ги наведува како недостатоци” – подвлече Заев.

Во однос на тоа што се разговарало во Софија на последната рунда разговори со техничката бугарска влада, Заев појасни дека таа посета била со цел да се претстават детали од планот на нашата влада за спроведување на патоказот на Договорот за пријателство и соработка, кој според македонскиот премиер ги адресира сите бугарски забелешки.

“Немаат парламент и немаат политичка влада, тука е причината за нивниот одговор. Што ми дава надеж за да имаме денеска поинаков став, но не до крај, затоа што ги имаме сите причини на светот. Ниедна земја не чекала толку како нашата” – изјави Заев во вечерашната Топ Тема.