Заев годишно ќе зема по 54 милиони евра повеќе од џебот на народот со покачувањето на горивата

4

Над 100.000 земјоделци се главно погодени од ова покачување на горивата и тие ќе имаат уште поголеми трошоци за производство.

Заев годишно ќе зема по 54 милиони евра повеќе од џебот на народот и сметките на фирмите со покачувањето на горивата. 54 милиони евра помалку кај граѓаните ќе значи поголема сиромаштија и потешка егзистенција кај илјадници семејства, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

– Зголемената цена на горивата со таканаречената зелена такса ќе влијае и на зголемување на цените сите производи, од прехранбени до услуги. Над 100.000 земјоделци се главно погодени од ова покачување на горивата и тие ќе имаат уште поголеми трошоци за производство. Народот и стопанството во целост преку зелената такса ќе го плаќаат крадењето на власта во изминативе години. Преплатените јавни набавки и изборниот поткуп го испразнија буџетот и заради истите Заев ја задолжи Македонија 2.4 милијарди евра, а секое семејство во просек по 4.800 евра – велат од партијата.