Заев го спори тоа што предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е воено лице, а Уставот вели дека треба да биде цивилно

4

Премиерот Зоран Заев не го отфрли предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за технички министер за внатершни работи, но напомена дека се потребни консултации со експерти, бидејќи бидејќи предлогот е воено лице, а членот 97 од Уставот предвидува министер за внатрешни работи и одбрана да биде цивилно лице во последните три години.

Јас немам никави предрасуди, првпат го слушам ова име, меѓутоа бидејќи станува збор за воено лице сакам дополнителни консултации, со свои мислења да излезе стручната јавност. Имаме уште време, речиси цела недела до изборот на техничката влада и не би требало да дозволиме да се одложат изборите, се надевам дека ќе најдеме решение“, изјави Заев