Заев: Да се свика лидерска средба на која ќе се разговара за ОДЛОЖУВАЊЕ НА ИЗБОРИТЕ

5

Зоран Заев, лидерот на СДСМ побара организирање на лидерска средба со една цел, да се одложат изборите. Тој ова го кажа на денешната прес-конференција во седиштето на партијата.

„Сликите од нашата земја да не бидат исти како оние во Кина или Италија. Потребна е посветност и ангажираност на сите. Да се однесуваме одговорно и зрело, затоа што се работи за нашето здравје и на нашите најблиски. Во вакви услови повеќе е јасно дека не дозволуваат нормално организација на избори. Сега е време секој ресурст да се стави во функција на заштита на граѓаните. Затоа во името на СДСМ да се организира лидерска средба на која ќе се разговара за одложување на изборите. За нас е прифатливо Пендаровски да ја организира оваа средба“, рече Заев.