Заев денеска сведок во “Титаник“

17

Премиерот Зоран Заев денеска треба да се појави во Основниот кривичен суд Скопје како сведок во случајот „Титаник“. Станува збор за предметот кој го отвори СЈО а во кој има повеќемина обвинети за изборни нерегуларности, односно за носење на гласачи од странство во 2012.

Во „Титаник“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, кој е азилант во Унгарија, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Ибвинителството ги товари за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

На претходното рочиште беше најавено дека денеска ќе бидат сослушани повеќе сведоци, меѓу кои и премиерот Заев.