Заев: Европа има проблем со самата себе, Балканот демонстрира европски вредности

10

Денес Европа има проблем, визионерската идеја за обединета Европа денес има проблем, а проблемот е самата ЕУ. Брисел ни порача дека ЕУ не успеа да најде начин да ја обезбеди заслужената европската интеграција на Западен Балкан. Тоа е проблемот, тоа што 26 членки на ЕУ не успеваат да спречат блокада не една земја членка, тоа е проблем на Европа предизвикан од самата европска унија, порача Заев на денешната прес-конференција по блокада од страна на Бугарија.

Тој додава дека македонскиот и албанскиот народ пред себе имаат ист пат и исти вредности, а не политики на ѕидови и поделби.

– Ние не запираме, а знам со нас на ист пат се и Србија, Црна Гора, Косово и Босна Херцеговина. Ние сме Европа, без разлика дали ќе успее ЕУ да ги тргне блокадите или не. Нашите народи и влади среде Балкан демонстрираат европски манири, забрзано ги тргаме границите и пречките меѓу нас, за граѓаните, услугите и стоките да ни се движат слободно. Имаме заеднички идеи, предизвици и култури со напшите братски народи од регионот. Тука сме со Рама да најавиме дека ќе си ги зближиме уште повеќе народите, додаде Заев.

Тој испрати и порака до европските граѓани и политичари дека суштината и вредностите на ЕУ се доведени до прашање.

– Имаме порака до нашите граѓани, како и за европските граѓани, така и за европските политичари. Алармот е вклучен, суштината и вредностите на ЕУ се доведени до прашање. Европските вредности се заеднички за земјите членки, но и за земјите кандидати за членство кои ги прифаќаат и развиваат, еве тие вредности денеска се афирмираат од Западен Балкан. Инклузивноста, толеранцијата, правдата, солидарноста, рече Заев