Заев: ЕУ не може да ја смени нашата локација дека сме во срцето на Европа

12

Поради непринципиелната позиција на нашиот сосед Бугарија, првата меѓувладина конференција меѓу Севрна Македонија и ЕУ не се одржа, истакна премиерот Зоран Заев во рамките на Преспанскиот форум за дијалог, пренесува „Слободен печат“.

-Пред две недели водев делегација во Бугарија, нудејќи им рака на соработка и изнаоѓање решение и решеност да направам чекор во позитивна насока. Иако направивме позитивен заеднички чекор, за жал, и покрај јасните и непредвидени пораки од меѓународната заедница, дека сега е време да се дојде до решение, Бугарија не успеа да собере сили и да го промени својот став кон членството на нашата земја во Европската унија – рече Заев во својот говор.

Според него, одлуката да не се одржи првата меѓувладина конференција беше големо разочарување за Северна Македонија и Албанија.

-Ова е голем неуспех на политиката на проширување на Европската унија и лоша порака за регионот. ЕУ не го исполни ветувањето. Како што вели мојот пријател Еди, јас исто така велам: ЕУ може да одреди датуми, преговори и рокови, но сепак ЕУ не може да ја смени нашата локација, дека сме во срцето на Европа, а уште помалку нашата култура, нашиот идентитет и европската иднина на нашите народи како дел од европското семејство. Западен Балкан е Европа – истакна Заев, пренесува Слободен печат.

– Членството во НАТО е одраз на нашиот суверен избор и сведоштво за нашата силна меѓупартиска и општествена цел да станеме целосно интегрирани во евроатлантското семејство на нации. Денес, Северна Македонија ја подобри безбедноста и стабилноста, како и регионот на Западен Балкан. Ние сме посветени на визијата за Балканот во 21-от век, како регион на мир, стабилност и зголемена регионална соработка за економски придобивки и просперитет на сите граѓани, рече Заев, притоа посочувајќи дека сето тоа беше можно заради Договорот од Преспа, Охридскиот рамковен договор, како и заради Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија.

Премиерот уште посочи и дека неуспешниот обид на ЕУ за отпочнување преговори за членство на Северна Македонија и на Албанија во Унијата само ја нагласува потребата Европа повторно да се најде себеси и како што рече „да се врати на своите корени, да се врати на Шуман и Аденауер.