Заев: Задоволен сум од средбата Пендаровски-Макрон

27

Премиерот Заев е задоволен од средбата меѓу македонскиот претседател Стево Пендаровски со претседателот на Франција, Емануел Макрон. Заев рече дека деталите ги очекува по враќањето на Пендаровски во Македонија, но изрази надеж дека одлучувањето околу методологијата за проширување, пред која е исправена ЕУ нема да трае предолго, пренесува Алсат.

„Мене ми е јасно дека следува методологија, која што мора да биде адаптирана и од земјите членки, но и од Европската комисија, само се надевам дека ќе успеат во соодветни временски периоди тоа да го направат заради тоа што држењето на нашата мотивација е важно“, рече Заев.