Заев за БГНЕС: Да направиме сега чекор напред, за следниот пат да успееме

11

Македонската Владина делегација предводена од Премиерот Зоран Заев а во која се Вицепремиерот за Европски прашања Никола Димитров и Министерот за надворешни работи Бујар Османи, сепак замина во Софија на средби со тамошните претставници, иако тие синоќа како ,,добредојде“ ја ипорачаа одлуката дека остануваат на своите познати позиции дека Република Северна Македонија не ги исполнила условите за одржување меѓувладина конференција со нив, а со тоа ни обврските во рамките на Европската Унија за да премине кон следната фаза во евроинтеграциите а тоа е почеток на пристапните преговори со ЕУ за полноправно членство.

Во пресрет на посетата, во изјава за Бугарската новинска агенција БГНЕС, утрово, премиерот Заев изјавил дека со денешната посета се надева да направат чекор напред со кој следниот пат ќе бидат поблиску до решение. ,,Два пријателски народи треба постојано да говорат и да бараат решение. Решението е некаде тука околу нас. Треба да го најдеме. Секој пат се надевам разговорите да се успешни, овој пат да направиме чекор напред и се надеваме следниот пат да успееме“ изјавил Заев пред средбата ова утро со претседателот на ГЕРБ и доскорешен премиер на Бугарија, Бојко Борисов.

Заев, како што пренесува БГНЕС, подвлекол дека „Треба да направиме се за да се поддржиме и да се помагаме. Треба целосно да јс поддржиме иднината на Балканот а тоа е во Европскиот Сојуз“.

Од своја страна , Борисов на средбата, им кажал дека денеска Македонската делегација ќе има многу средби со официјалните лица во Бугарија, но дека тие немајќи храброст да преземат одговорност ќе се,, ваделе“ на немањето Парламент. „Сегашната техничка влада ги има сите права и може да преговара со вас.Нов договор, ако нашиот не им се допаѓа.Но, тие ќе избегаат од одговорност како што прават секогаш а, истовремено ги лажат и евроатлантските партнери“, изјавил Борисов на средбата со Заев, додавајќи дека оној кој ја одрекува историјата никако не може да биде во право“.

Нашите официјални лица, не ги подигаа очекувањата во пресрет на Состанокот на Советот на Европската Унија на 24 и на 25 јуни на кој на 22 му претходи советот за општи работи. Речиси консензуална е поддршката Р.С. Македонија во јуни да почне преговори со ЕУ, од сите земји членки на Унијата со исклучок на Бугарија која вчера потенцира дека нивното вето останува.

Министерот Осамни вчера пред Комисијата за надворешна политика во Собранието подвлече дека Македонскиот јазик и идентитет никогаш не биле и нема да бидат на масата за преговори, дека Македонија е за заемно прифатливо решение кое нема да е против и да ги загрозува националните интерес.