Заев за гостите на Боки 13: Немам намера да прашувам мои луѓе каде оделе и што правеле

17

Секој има право да оди каде сака, но ако се огрешил пред законот треба да одговара, одговори премиерот Зоран Заев на новинарските прашања во врска со вчерашното сведочење на домашната помошничка на Бојан Јовановски дека во неговиот дом доаѓале политичари од актуелната власт.

Премиерот не побарал образложение од неговите сопартијци Шеќеринска, Кирацовски Богоев, Филипче што правеле во домот на првоосомничениот во „Рекет“. Вели тоа ќе го покаже истрагата.

-Не сум го видел исказот – денеска пред почетокот на владата имаше коментар со министерството за правда заради стручноста на водењето на постапките и рекла казала муабети или слично, секако јас верувам дека секој граѓанин може слободно да патува каде сака да оди каде сака да разговара тоа што сака и ако го прекрши законот да си одговара. Нема намера мои соработници да ги потпрашувам каде биле што правеле и зошто правеле. Уште еднаш напоменувам јас го пријавив случајот, секој што се инволвиран во некакво незаконско дејствие треба да си одговара, изјави Заев.