Заев за КОХА: Не гледам потреба од лидерска средба

37

Скопје, 18 октомври – По поканата на лидерот на македонската опозиција, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за лидерска средба на Парламентарните парти на кој ќе се разговара за историските спорови на земјата со Бугарија, и како што рече, новиот договор според моделот на Преспа, што би вклучувало и уставни измени, е одбиено од премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев.

“Не гледам потреба од лидерска средба. Особено со човек кој нема став за ниту едно важно, национално или стратешко прашање. Македонскиот јазик, македонскиот идентитет и посебност се меѓународно потврдени и признаени од целиот свет. Со нашиот сосед, Бугарија, имаме Договор за соработка и добрососедство, кој патем е потпишан и на македонски јазик. Очекуваме во духот на овој Договор, да продолжиме заеднички да ги градиме односите. За темите кои произлегуваат од Договорот изразуваме волја да ги решаваме преку работата на комисиите кои имаат надлежност за тоа”, изјави за КОХА, Зоран Заев, премиер и лидер на СДСМ.

Според него, Мицкоски не е за договор на било која тема, тој бара начин само како наштети на државата, осовено на процесите кои не водат кон ЕУ. (Д.Ј/КОХА)