Заев за последната „бомба“: После два саати и 17 минути седење во кафана, се случуваат грешки

61

Зоран Заев, за последната објавена „бомба“ во која лидерот на СДСМ вели дека ќе соберел „и шарени и шуто и рогато“ и после „мамата ќе им ја е..л“ на сите денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека тоа е последица на негово долго седење во кафеана во неврзан разговор.

– После два саати и 17 минути во кафана на слободен разговор, се слушуваат грешки. Времето покажа дека никогаш не сум имал непријатности, туку напротив имаме одлична соработка. Изработивме заедно многу за нашата земја, рече денеска Заев на конференцијата пред Собранието.

Во „бомбата“ Заев тврди дека тој ја „регистрирал“ Шарената револуција и спомнува бројка од 4,8 отсто, а потоа најавува дека, според кажаното, нема да се однесува фер сп сите кои ќе влезат кај него во коалиција.

Претседателот на владеачката партија потсети дека за овие коментари веќе се извинил на Фејсбук и дека членовите на „Шарената револуција“ тоа го прочитале.