Заев: Има време до избори, ајде да донесеме една изборна единица

16

Премиерот Зоран Заев од говорницата резервирана за пратенички прашања, ги повика ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да дојдат на седницата, на која ќе бидат ставени двата закони за една изборна единица и за отворени листи, да гласаат за нив.

Посочи дека до предвремените избори има четири и пол месеци, но добил и убедување од ДИК дека биле подготвени да спроведат избори со една изборна единица. Заев упати апел до сите политички партии да бидат присутни на седницата за да се изјаснат.

Заев одговарајќи на пратеничко прашање, рече дека СДСМ и Коалицијата стои зад една иборна единица. Подржува и отворени изборни листи, но посочи дека двата процеси не би требало да одат заедно.

-Овие парламентарни избори да бидат организирани според моделот на една изборна едица, а за локаните избори да има и отворени листи. Апелирам и до ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат кон ваквото барање на помалите пратии. Собранието на седница треба да го процесуира ова законско решение. Дали има време или не? Јас тврдам дека има време, нема техника и технологија со која треба да се подготвуваат ДИК или ОИК, Претседателот на ДИК ми кажа дека можат да спроведат избори со нов изборен модел. Има време четири и пол месеци. Ние сме организирале избори и на 53 дена до изборното соочување- рече Заев.

Заев ги повика и ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ повнимателно да се пресметаат и ако веруваат во демократија да се согласат со моделот за една изборна единица. Најмногу губи СДСМ, па ВМРО-ДПМНЕ, па ДУИ, но на крајот сите добиваат , добиваат и помалите партии, помали се и трошоците со една изборна единица наместо шест, а се отргнува и можноста за автократија.

Пратеничката од независната група на ВМРО-ДПМНЕ, Нола Исмајлоска Старова. која го постави прашањто за Законот за една изборна единица, констатираше дека ДУИ до вчера барале една изборна единица, но дека сега се повлекуваат. Таа се надева дека нема истото да го направи и СДСМ.