Заев и Бесими ќе информираат за ефектот од антикризните економски мерки и состојбата на Буџетот

5

Премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Фатмир Бесими денеска ќе информираат за збирниот ефект од четирите пакети економски мерки, како и за реализацијата на Буџетот.

На прес-конференција во Владата ќе биде презентирана и информација за тековните економски движења, како и за очекувањата за оваа економска година, најави владината прес-служба.

За новинарски прашања ќе бидат присутни и Фатмир Битиќи, заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Крешник Бектеши, министер за економија и Кире Наумов, генерален извршен директор на Развојната банка.