Заев и Касами договорија соработка за престојните локални избори

21

Соработка на локалните избори планирани наесен договориле коалиционите партнери во владата, Зоран Заев и Билал Касами.

Зоран Заев на Фејсбук објави дека на денешната средба со лидерот на БЕСА, Билал Касами договориле соработка за изборите и меѓусебна поддршка во некои општини.

,,Коалицијата СДСМ – БЕСА минатата година постави нови стандарди во современото политичко дејствување во Северна Македонија. Денес оваа соработка е на уште повисоко ниво и дава одлични резултати низ работата на Владата.
Со претседателот на БЕСА, Билал Касами се согласивме дека партнерството во нашата коалиција ќе продолжи да се развива и на претстојните локални избори, за кои согласно спецификите на различните општини ги бараме и утврдуваме најдобрите кандидати кои ќе го дадат најдобриот резултат за нашиот народ.”