Заев: И компаниите со загуба да исплатат К-15

29

Премиерот Зоран Заев ги повика компаниите кои годинава имаат загуба, но во претходните години акумулирале поголеми добивки, да исплатат регрес за своите работници.

– Работниците се трајното добро и за компаниите и за државата. Апелирам уште еднаш дека законот и самите колективни договори регулираат дека компаниите кога покажуваат загуби, тогаш нивната задолжителност да исплатат К-15 паѓа. Но имаме компании кои до Нова Година ќе покажат загуба, но имаат акумулирана добра добивка од претходната година или знаат дека имаат потенцијал загубата веднаш да биде покриена со успешен резултат во 2021. Заради тоа секогаш препорачувам тие да водат грижа за работниците, кои се најважниот капитал во државата, рече Заев како одговор на новинарско прашање.

Претседателот на Владата додаде дека исплатата на регресот за годишен одмор ќе ја зголеми приватната потрошувачка и истовремено ја раздвижува економијата во земјата.