Заев и Мицкоски ќе разговараат за одложување на пописот

6

На денешната тет-а-тет средба на премиерот на РСМ, Зоран Заев и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе се разговара за одложување на пописот.

По барање на опозицијата, за да се приклучи на пописот, постои можност истиот да се одложи, воедно и за да вакцинираат попишувачите, дознаваме од наши извори.

Иако се шпекулираше дека на маса ќе биде и прашањето за евентуална широка коалиција, информациите велат дека нема да има друга тема на разговор меѓу двајцата лидери.

Мицкоски неодамна во интервју најави дека ќе ги повикаат граѓаните да си го заштитат здравјето и да не отвораат врата ако се чувствуваат небезбедни.

„Влегуваме во политичка криза“, рече тој.

Од неговата партија во саботата одржаа и протести пред Министерството за здравство со цел одложување на пописот.

Од СДСМ велат дека ова е „хипокризија на дело“.

„Мицкоски вели дека нема да примал попишувачи, дека пописот не бил безбеден по здравјето на граѓаните, а неговата ВМРО-ДПМНЕ без почитување на мерките одржува протести и масовни собири. На ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не им е грижа ниту за јавното здравје, ниту за здравствениот систем, ним им се важни само личните и партиските интереси“, реагираа од партијата на Заев.