Заев и Јанев: Болката е голема и за двата народи, заедно сме и во добро и во лошо

0

Воспоставена е координација на сите нивоа со Pепублика Северна Македонија и се надеваме дека од истрагата ќе ги научиме оние лекции кои ќе не штитат од слични трагедии во иднина. Ова го порача премиерот Стефан Јанев во заедничка изјава со премиерот на РСМ Зоран Заев кој е во Бугарија во врска со автобуската несреќа во која загинаа 46 лица.

-Денешниот ден е одбележан со две трагедии за бугарскиот народ – во варненското село Ројак, загинаа бугарски државјани во Домот за стари лица, за што во моментов во тек е истрага. Неполни 7-8 часа потоа се случи нова трагедија – судир со патнички автобус регистриран во РСМ, со граѓани, и од РСМ и од други националности. Трагедиите се вообичаени и се она што не допира, што нè прави сочувствителни, без разлика од која националност се луѓето кои повеќе не се меѓу нас, рече Јанев.

Тој најави дека бугарската влада размислува за Ден на жалост за жртвите. Двајцата премиери одбија да коментираат политички прашања, велејќи дека денеска е ден на емпатија. Јанев рече дека отсекогаш верувал во дијалог и барање решенија во интерес на двата народа. Заедно сме и во добро и во лошо, ние сме братски народи и мораме да си помагаме и во добро и во лошо, рече Зоран Заев. Кога соседот е добар, а ние сме добри, рече тој по повод изборите кај нас, но одби да коментира и за политички прашања.

Јанев изрази сочувство со семејствата на жртвите и во исто време рече дека бугарската држава во сите нејзини органи поврзани со безбедноста, управувањето со катастрофи работи брзо и сега е на своето место.

Тој посочи дека генералниот заклучок на медицинските лица е дека хоспитализираните во наредните еден или два дена ќе можат да бидат транспортирани до местата каде што живеат.

Од раните утрински часови сме во координација со премиерот Заев, властите на двете земји имаат координација по сектори и министерства.

Премиерот на РСМ изрази сочувство за двете трагедии во кои загинаа луѓе.

Тој рече дека ги посетил повредените во болница и рече дека се во добра состојба и дека нема опасност по нивните животи.

Координацијата е на високо ниво – меѓу двајцата премиери и меѓу службите, нагласи тој, додавајќи „Болката е голема и за двата народа“.

Премиерот на РСМ не ги коментираше веројатните причини за трагедијата, велејќи дека експертите треба да одлучуваат.