Заев: Месецов треба да го завршиме со над 300 илјади дози вакцини

58

Премиерот Зоран Заев очекува месецов да се заврши со околу 300 илјади дози на вакцини против ковид-19. На прес-конференцијата во Владата, на новинарско прашање тој информира дека според информациите со кои располага ќе пристигнат првите дози од досега договараните вакцини од неколку производители и преку различни механизми.

„Очекуваме првите количини да бидат околу 100 илјади вакцини преку Европската унија од пратката за Западен Балкан, а идната недела би требало да очекуваме да пристигнат нешто повеќе од 20 илјади дози од оваа пратка. Ја очекуваме првата пратка од ‘Фајзер’ со која компанија имаме договор за над 800 илјади вакцини, потоа вакцини преку ковакс-механизмот, а ги очекуваме и вакцините од Кина, односно договорените 200 илјади дози. Очекуваме и позначителна количина од договорените 200 илјади дози од рускиот Спутник’, рече Заев нагласувајќи дека ги вклучува и веќе пристигнатите вакцини, како и втората донација која ќе пристигне од Србија.