Заев најави предизборна коалиција со партии од албанскиот блок, Мицкоски го отфрли принципот победник со победник кој го бара ДУИ

6

Лидерот на СДСМ Зорана Заев најави дека очекува за прв пат да има предизборна коалиција со албански партии. Не прецизира дали во тој „пакет“ влегуваат само паритиите БЕСА и ДПА или се отворени и други опции. Очекува преговорите за проширување на коалицијата со партнери од албанскиот блок, да завршат до 9 март, односно до партискиот конгрес кога ќе се утврдат кандидатските листи за пратеници.
Заев е сигурен дека се фаворити на предвремените избори закажани за 12 април.
„Коалициите ќе бидат додржани и малку проширени. Со тоа што верувам ако ги договориме сите детали тоа ќе ја испрати пораката кој ќе ја има честа и поддршката од граѓаните. Со ДУИ имаме соработака како што имаме и со другите партии. Дуи е нашиот досегашен коалиционен партнер, јас уште еднаш реков сме подготвени да соработуваме со сите на основа на вредности, на основа на програми врз основа на концепти и на верби.Навистина со ДУИ ги решивме крупните прашања заедно во владата. Јас верувам дека за прв пат ќе смогнеме сили да направиме предизборна коалиција со албански политички партии. Ние не сме веќе македонска партија, ние сме мултиетничка партија со доминантно македонско гласачко тело, така ни е и етничкиот состав на државата. Сето тоа ни дава за право да бидеме фаворити на овие избори затоа што имаме право на опција на избор на договарање“ – рече Заев.
Предизборни комбинаторики нема да прави ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот Мицкоски изјави дека се сигурни дека ќе освојат 61 пратеник.
Мицкоски категоричен – не го прифаќаат принципот победник со победник кој го бара ДУИ, туку идната коалиција ќе биде врз база на програма со програма.
„Политиките кои ги води ВМРО- ДПМНЕ се темелат на принципи. И ние бидејќи овој принцип еднаш е прекршен во едно телевизиско интервју кажавме дека идната коалиција ќе биде програма со програма. И тој принцип не го менуваме. Ако тие програми без разлика на која политичка партија се допрат со програмата на ВМРО-ДПМНЕи обратно не треба тоа да биде еднонасочна улица сите политички партии доаѓаат во предвид вклучително и политичката партија ДУИ,“ рече Мицкоски.
Лидерот на ДУИ Али Ахмети не чул за предизборни комбинаторики на СДСМ со ДПА и БЕСА. А Османи повика по изборите да важи принципот на коалицирање победник со победник – односно, влада да формираат партиите од македонскиот и албанскиот блок кои ќе освојат најмногу гласови на изборите.
„Доколку победат овие партии се разбира дека тие ќе бидат на власт.Меѓутоа тој кој ќе победи кај Албанците,тој ќе ги претставува Албанците во владата. И мислам дека ова прашање ние сме го сфатиле на најлошиот можен начинпреку искуство. 2006- 2008 ни покажа дека државата не смее да дозволува такво нешто уште еднаш. Меѓутоа имаме избори пред нас. Ние сме убедени дека ДУИ ќе издвои една од најголемите победи што ги има во својата политичка историја. Но тоа ќе биде тешка битка, но ние сме спремни за такво нешто.“- изјави Османи.
Ќе биде ли возможно за првпат да има македонско-албанска предизборна коалиција за парламентарни избори ќе се знае до 12 март, до кога партиите треба да ги достават кандидатските листи до ДИК.