Заев: Немаме вина за блокадата на Бугарија

44

Премиерот Зоран заев, давајќи отчет за стоте дена од работата на новата влада, го издвои како едно од најважните прашања изнаоѓањето решение за проблемите што ги постави Бугарија. Притоа, тој порача дека никој кај нас нема вина за оваа ситуација, но тој е уверен дека ќе се најдат решенија.

-Ни оваа влада, ни нашата држава, ни нашиот народ немаат најмала вина за оваа ситуација. Македонскиот национален идентитет не може да биде предмет на преговори и ние не можеме да се откажеме од нашето право на самоопределување гарантирано од сите меѓународни институции и конвенции. Се надеваме дека оваа штета на евроинтеграцијата ќе се надмести бргу. Владата нема да дозволи блокадата да предизвика застој на внатрешните реформи, напротив ќе го засили темпото, останувајќи целосно посветена на преговорите со Бугарија. Ние знаеме дека решенија се можни, знаат и тие, рече Заев.

Генерално, тој се пофали дека како влада обезбедиле избори во фер и демократска атмосфера, наспроти резервите на опозицијата и дека тие покажале дека била исправна и едноставно можна одлука.

„И покрај пандемијата обезбедивме слободни и фер избори и дадовме можност уште еднаш граѓаните да ни дадат доверба, а ние да обезбедиме развој на државата, европска интеграција и справување со пандемијата. Изборите беа единствената оправдана одлука. Се покажа дека погрешни беа тврдењата дека изборите нема да бидат безбедни. Опозицијата всушност сакаше да не блокира во работата и да ја блокира финансиската помош за справување со епидемијата”, изјави премиерот.

Како главен предизвик тој сепак ја посочи пандемијата, набројувајќи ги сите реновирани и новоотворени оддели и болници за да се обезбеди здравствена грижа за сите грашани.

„Ја реорганизиравме државата и нејзиниот здравствен систем да одговориме на предизвиците кои ги создаде оваа болест. Партиципиравме за вакцини против Ковид-19, а во меѓувреме ги зголемивме болничките капацитети и овозможивме голем број тестови, како и брзи тестови”.

Откако ги наброја сите обновени капацитети, тој рече дека готовност се ставени и државните и приватните клиники, а воедно се премина кон нов антикризен пакет и пакет за помош како на стопанството, така и за граѓаните. Вкупно, околу една милијарда евра се насочени кон стопанството и граѓаните, рече премиерот.Тој нагласи дека за 230 илјади граѓани е започната исплатата на помош од по 6000 денари, поддршка на стандардот на ранливните категории граѓани погодени од кризата.

Во првите 100 дена, рече Заев, потпишани се договори со стопански субјекти во износ од 56 милиони евра, и дополнителни 25 милиони евра. „Поддржуваме и стопански субјекти кои во услови на пандемија почнаа инвестициски активности”, рече тој и нагласи дека главниот фокус на новиот буџет е инвестирање во здравство и образование.

Потоа Заев опширно информираше за проектите од областа на енергијата, како и за новите инвестиции, од изградбата на приклучоци на гас преку Грција, кои ќе бидат од стратегиско значење и за целиот регион, па сѐ до замена на енергијата во одредени капацитети со еколошки горива.

„Активиравме политики и мерки за рестарт на економијата.Фокус на ребалансот беше на спроведување на антикризните мерки и на инвестирање во човечкиот потенцијал. Четвртиот пакет мерки што беше донесен изнесуваше 400 милиони евра и заедно со претходните пакети една милијарда евра се насочени кон граѓаните и стопанството. Новиот пакет обезбедни и нови 100 милиони евра кредити за бизнисот, порача Заев.

Заев нагласи дека претстои голем фокус на еколошки проекти со цел обезбедување на поздрава животна средина – изградба на секундарната гасна мрежа, од брз и еколошки автобуски превоз во Скопје, до започната процедура за прогласување на дел од Водно како заштитена средина, покрај прогласувањето на Осоговските планини. Исто така информира дека се зголемени 20 пати глобите за загадувачите и се зголемува бројот на инспекциските служби.

„Постепено преминуваме кон еколошки извори на енергија и постепено го исфрламе јагленот. Имаме тимови за преговори за наши инвестиции во терминалот за гас во Александропулос, Грција, што ќе обезбеди трајно и стабилно снабдување со гас. Креираме сисатем што ја прави Македонија дистрибутивен центар за горива во регионот, рече премиерот.Тој спомена и повеќе проекти за изградба на ветерници со цел да се обезбедат 400 мегавати обновлива енергија со што Македонија може да стане лидер во обновливи извори на енергија во регионот.

Премиерот се пофали и со успешното одвивање на наставата во основното и средното образование, како и со реновирањето и отворањето нови градинки. Според него, комбинираниот модел на настава го следат успешно над 90 отсто од учениците, а за првпат има грантово финансирање на иновативни проекти на универзитетите при што со иновативни ваучери се обезбедени 15 милиони евра, а сајтот „е-услуги“ е надграден со нови услуги.

Во изминатите сто ден, нагласи тој, а конечно се изгласа и Законот за заштита од дискриминацијата, но и дека е изготвен законски проект за недела како неработен ден.Македонија, рече, има непроценливо културно наследство, заради негова заштита е определен досега најголем досега буџет.

„Ред, правда, дисциплина, прочистување на судството, тоа беа нашите ветувања, но еве добивме и позитивен извештај од Европската комисија. Предметите водени од СЈО продолжуваат пред судовите. Само Мицкоски беше против измените во Законот за јавното обвинителство, застанувајќи на браникот на криминалот”, рече Заев.Премиерот рече дека Владата помага во изготвувањето на методологијата за прочистување во правосудството, со цел да се одвојат чесните од нечесните судии и обвинители.

Тој информираше дека можеби веќе денеска Законот за пописот ќе биде на дневен ред на Владата, оценувајќи дека попис ебараат граѓаните, но тој и е потребен и на државата заради нејзиниот развој.

„Ние сме членка на НАТО, сега сме безбедни, заштитени од најсилната воена алијанса на светот. Придонесуваме активно за мир во регионот и светот. Во ЕУ ќе влеземе како држава и како Македонци кои зборуваат македонски јазик”, рече премиерот.

„Нашата борба е долга, трчаме маратон, а не спринт, рече во своето експозе по повод 100 дена од Владата, заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски.

„Имаме обврска да бидеме отворени, отчетни пред вас. Уште на самиот почеток презедовме мерки за секој кој го прекршил законот да се сноси одговорност. Донесовме нов кодекс на однесување за членовите на Владата и сите именувани функционери од истата. Веќе видовме разрешување на функционери. Ќе бидат разрешени сите оние кои понатаму ќе ги прекршуваат одредбите од новиот конекс на однесување, истакна Николовски. Според него, ни треба систем во кој чесните и заслужните ќе бидат наградени, а не казнети за својата чеснот и одговорност.11
3610